Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите.
Патничкото осигурување на Винер ви нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе го изберете. Пакетите за патничко осигурување кои ги подготвивме се креирани да одговорат на различните потреби на граѓаните, а параметрите на трите најчесто користени пакети за патничко осигурување можете да ги видите на линкот подолу.
Повеќе на
http://www.winner.mk/patnicko-osiguruvanje/